Autoking

Производи

Услови за користење

Autoking.com.mk е современa веб страна за електронска трговија кој е во сопственост на Аутокинг. 

Autoking.com.mk е веб страна која можат да ја користат физички и правни лица кои ги прифаќаат Условите и правилата за користење на овој сајт.

Купување преку веб страната е достапно за сите правни и физички лица на возраст од 18 години или повеќе. Доколку купувачот е на возраст под 18 години, можат да ја користат веб страната www.autoking.com.mk, под надзор на родител или старател кој исто така внимателно ги прочитал и се согласува со Условите и правилата за користење на овој сајт.

Корисникот е одговорен за заштита на неговите лични податоци како што се: е-маил, корисничко име, лозинка или други информации кои ги доставува преку формулари кои ги потполнува за регистрација или нарачки на системот.

Корисникот се согласува да добива нотификации и билтени ( newsletter ) на неговата е-маил адреса со која се има регистрирано на веб страната или ја има доставено преку некој формулар на веб страната www.autoking.com.mk.

Аутокинг го задржува правото да ги анализира податоците од страна на правни лица или физички лица кои се регистрираат како купувачи на веб страната www.autoking.com.mk.

Секој корисник е одговорен за преземените активности при користењето на веб страната www.autoking.com.mk. Исто така, секој корисник се согласува да ја обештети и нема да ја смета за одговорна фирмата Аутокинг, за активности кои можат да произлезат од противзаконското користење и прекршувањето на Условите и правилата за користење на оваа веб страна од страна на самиот корисник или друг корисник.

Со користење на веб страната www.autoking.com.mk, се смета дека внимателно сте ги прочитале Условите и правилата за користење и дека сте согласни со нив. Ако не се согласувате со ниту еден од Условите за користење, Ве молиме престанете да ја користите оваа веб страна веднаш.

Како да се регистрирате на www.autoking.com.mk

     1. Можност за регистрација преку формуларот кој се наоѓа во делот за “Регистрирај се”.
     2. Внесете важечки податоци за Вас
     3. Внесете и користете само легална, пристојна и искрена содржина

Однесување на корисниците на www.autoking.com.mk.

При користење на веб страната www.autoking.com.mk на корисниците (купувачи ) им е забрането

  1. Да внесуваат линкови до други веб страни
  2. Веб страната www.autoking.com.mk  да биде употребена за цел која е нелегална, неморална или спротивно на закон
  3. Да поставуваат содржини или пак да бидат преземени активности што ја нарушуваат или ограничуваат функционалноста на хардверот или    софтверот на www.autoking.com.mk, како и да преземаат какви било активности за неовластен пристап до веб страната и функционалностите    на www.autoking.com.mk.
  4. Да даваат лажни или нејасни информации кога се пополнуваат формуларите на веб страната www.autoking.com.mk.
  5. Да се регистрираат под лажен идентитет

Достава, замена и враќање на нарачани производи

Нарачаните производи се доставува од 3 до 10 работни дена од процесирање на нарачката. Трошоците за испорака се на терет на договорената страна од понудувачот на производот и купувачот.

За секој производ постои можност за замена во рок од 15 дена по купувањето на производот доколку од компанијата имаат достапни залихи од истиот. Замената се врши само во случај кога производот е нефункционален, оштетен или доколку e испратен грешен производ. Производот може да биде заменет со нов само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување.

Постои можност за замена во случај производот да има соодветен квалитет, но да не му одговара на купувачот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот, или од други причини, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси Купувачот.

Доколку производот нема соодветен квалитет или му е доставен грешен или оштетен производ на купувачот, истиот може веднаш да се замени при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси компанијата од која е нарачан.

Производите за кои што е направена нарачка и истите се подигнати од страна на купувачот не можат да бидат вратени.

Производите за која е направена нарачка се испорачани до купувачот преку фирмата со која Аутокинг има склучено договор за поштенски услуги. Доколку Аутокинг нема договор склучено со фирма за поштенски услуги тогаш самиот продавачи дефинира по која пошта ќе ги испраќа производите.

Аутокинг го задржува правото еднострано да ги менува Условите и правилата за користење во согласност со законодавството на Република Северна Македонија. Сите промени што ќе бидат направени, истите ќе бидат објавени во делот на Услови и правила за користење.